send link to app

GETComInfo


4.2 ( 6672 ratings )
Бизнес
Разработчик Webski Solutions
бесплатно

Мобилната апликација ГЕТКомИнфо е креирана во рамките на проектот “Жените победуваат” поддржан преку програмата за грантови на Комисијата за Демократија на Амбасадата на САД во Македонија. Апликацијата е достапна за Андроид и иОС уреди. Апликацијата има цел да служи како датабаза за компаниите во Пелагонискиот регион.

ГЕТКомИнфо им нуди можност на корисниците да ги пронајдат компаниите на многу лесен и едоставен начин, и исто така, да најдат релевантни контакт информации и локација за бараната компанија. Апликацијата им нуди можност на корисниците да пребаруваат организации и компании според регионите во Пелагонија, според клучни зборови и според дејноста која ја работат. На овој начин, наоѓањето на компанијата е многу поедноставено, а се што е потребно за брз пристап до сите овие инфорамации е да се инсталира мобилната апликација на Вашиот телефон.
Во однос на компаниите вклучени во датабазата, мобилната апликација им нуди можност да ја промовираат својата работа и да ја подобрат видливоста.